Отказ за Бјелица: И Динамо (З) назначи Италијанец за нов тренер

582

Хрватскиот шампион Динамо (З) донесе одлука да ја прекине соработката со тренерот на првиот тим Ненад Бјелица.

Бјелица ја презеде клупата на Динамо во септември оваа година и го предводеше тимот до успех во Лигата на шампионите на УЕФА. За жал, резултатите во домашното првенство изостанаа, па откако тој не ги исполни очекувањата, денеска доби отказ.

Загрепските „модри“ веднаш објавија дека италијанскиот стратег Фабио Канаваро е новиот тренер на првиот тим на нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Новиот тренер ќе се приклучи на првиот тим на собирот на 3 јануари кога и официјално ќе биде претставен.

ПретходноСе огласија од Шкупи: Ќе ги подмириме сите долгови веќе следната недела
СледноУрива рекорди како на шега: Салах од вечерва е со нов уникатен рекорд!