Откриено е како крадците влегле во куќата на Дончиќ и што украле!

222

Домот на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ во Америка беше ограбен во петокот, а крадците зеле накит вреден 30.000 долари, објавија локалните медиуми. За среќа, ниту еден од членовите на семејството на кошаркарот не бил присутен во тој момент.

Откриено е дека влегле во куќата меѓу 17 и 21 часот и дека провалиле низ прозорецот од големата бања. Сè уште не е јасно дали бил еден или пак повеќе, а се се случило иако приватното обезбедување го набљудувало домот на Дончиќ.

Американските медиуми дознаваат дека Дончиќ, како и сите кошаркари во НБА, бил предупреден што може да се случи. Сезонава се зголеми бројот на вакви случаеви во домовите на врвните спортисти во САД, а токму во Далас беше ограбен и домот на хокеарот Тајлер Сегуин (32),

НБА откри дека ФБИ ги поврзал некои од тие грабежи со јужноамериканска организирана група. НБА го зголеми бројот на предупредувања откако беа извршени грабежи во домовите и на кошаркарот на Милвоки Боби Портис и на кошаркарот на Минесота, Мајк Конли.

Во моментот на упадот, Дончиќ не беше присутен во својот дом во Америка, а ниту неговиот тим не беше во градот, бидејќи Далас е на турнеја и тимот нема да се врати дома до првите денови од 2025 година, како што ќе игра против Хјустон на гостински терен. Крајот на годината на Дончиќ е многу тежок, бидејќи на католички Божиќ се здоби со повреда на скочниот зглоб на натпреварот против Минесота и поради тоа нема да игра еден месец.

ПретходноОва се најдобрите ултраси во светот за 2024 година: “Делиите“ се четврти, “Торцида“ петта, а на прво место се….(ФОТО)
СледноГигантите се борат за хит-напаѓачот на Премиер-лигата: Ќе треба да платат 180 милиони евра