Реал го “договори“ Трент Александер – Арнолд, ама спрема уште една “бомба“ во одбраната!

1196

Веројатно Трент Александер – Арнолд ако не во јануари тогаш во јуни сигурно ќе го облече белиот дрес на Реал Мадрид, се говори дека истото тоа ќе го стори и Алфондо Дејвис, но “кралевите“ немаат намера тука да запрат, имаат намера и тоа како да детонираат уште една “бомба“ и да го добијат еден од најдобрите дефанзивци во Премиер – лигата.

Имено се пикира Мики ван де Вен, стоперот на Тотенхем кој важи за најбрзиот дефанзивец во најсилната лига во светот.

Холанѓанецот во Тотенхем дојде во 2023 и тоа од Волфсбург. Проблем е тоа што стоперот има договор со “Спарси“ до 2029 година, но како што се пренесува контактите се остварени и ништо не е невозможно кога Дон Флорентино Перез е во прашање.

ПретходноУжас во Џирона: Тајно ги снимала своите клупски колешки додека се тушираат, а потоа ги продавала снимките!
СледноЛиверпул го прецрта Киеза, се споменува кам-бек во Италија