Се огласија од Шкупи: Ќе ги подмириме сите долгови веќе следната недела

878

Откако ФИФА на својот официјален сајт објави дека македонскиот прволигаш Шкупи добил забрана за регистрација на фудбалери во следните три трансфер периоди поради неисплатени обврски кон поранешни фудбалери, вечерва со соопштение на социјалните мрежи се огласија од чаирскиот состав.

„Во врска со најновите вести кои кружат во медиумите, поврзани со забраната за трансфери на ФК Шкупи, информираме дека претседателот Јасин Коњали лично ја презеде одговорноста да ги врати сите долгови што ни оставени како резултат на процесните прашања во врска со трансферот на клубот во рацете на новите менаџери. Како што е познат за комплетирање на документацијата треба време, но документите се веќе во постапка и во текот на следната недела ќе се реши и овој проблем. Тоа  значи дека ФК Шкупи нема да има проблеми на јануарискиот трансфер пазар, кој со нетрпение го очекуваме“, се вели во клупското соопштение.

ПретходноСрбија подобра од Македонија на третиот тест пред СП
СледноОтказ за Бјелица: И Динамо (З) назначи Италијанец за нов тренер