Иако имаше водство до пред крајот на мечот, Јувентус не успеа да слави на вечерашниот меч на домашен терен против Фиорентина. Во рамките на 18. Коло од Серија А, „Старата Дама“ одигра само 2:2 против Фиорентина и продолжи со серијата нерешени резултати оваа сезона.
Мечот ќе остане забележан и по прекинот од неколку минути поради жестоките навреди на навивачите на Фиорентина упатеникон српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.
Јуве поведе во 20. Минута со голот на Кефрен Турам. Фиорентина одигра доста добро во првото полувреме, а по неколку шанси „виолетовите“ израмнија на 1:1 во 38. минута преку Мојс Кин.
Кефрен Турам се врати на сцена. Французинот направи се сам, и успеа во 48. минута со вториот гол да го донесе Јуве до прендост од 2:1. Во самата завршница, гостите успеаја да го замолкнат гледалиштето со навивачите на Јуве, откако Сотил погоди за 2:2.