По двете победи во првите две контроли, машката сениорска репрезентација на Македонија поразена во трѕиот меч во Стара Пазова. Во рамките на подготовките за СП 2025, нашите ракометари беа совладани од Србија со 34:29 (17:17).
За момците на Кире Лазаров овој натпревар беше последен во низата контроли во првата фаза од подготовките за ракометниот Мундијал. Селекцијата сега се враќа во Скопје, каде ќе добие неколку дена пауза за новогодишните празници, по што следува завршната рунда од подготовките и уште еден контролен меч со Хрватска.