Удинезе имаше комотно водство, ама Торино дојде до бод!

34

Во првиот меч од денешната програма во Серија А од 18.коло, Удинезе и Торино одиграа ефикасен меч, ама без победник со резултат 2:2. Секако дека ова може да се смета за кикс за домашниот состав од Удине ако се знае дека до 53.минута “црно – белите“ имаа водство од 2:0.

Прво Туре во 41.минута му донесе водство на Удинезе од 1:0, за да во 49.минута Лука го удвои водството на 2:0. И кога сите помислија дека тоа е тоа, гостите од Торино со головите на Адамс и Ричи во 53. и 64.минута во два наврати ја тресеше мрежата на домашните за конечни 2:2.

Се разбира дека овој бод за “биковите“ е голем како планина ако се земе в предвид како се одвиваше мечот и тоа водство од 2:0 за Удинезе до таа 53.минута.

ПретходноЕдинаесет години од страшната несреќа: На 29.12.2013 тотално се смени животот на легендарниот Шумахер!
СледноКК Партизан е четврти најгледан тим во светот или прв надвор од НБА!