Ужас во Џирона: Тајно ги снимала своите клупски колешки додека се тушираат, а потоа ги продавала снимките!

808

Ете и тоа го немавме слушнато во светот на спортот. Ужасни вести доаѓаат од Џирона, град во Каталонија кој е најпознат по својот фудбалски клуб кој игра во Лигата на Шампионите и во Ла Лига, и клуб за кој настапува нашиот Бојан Миовски.

Ама од пред неколку дена Џирона е позната и по ужасот што се случувал во соблекувалните на женскиот хокеарски клуб со ролери, Сан Џорди Десвалс.

Имено голманката на тој тим во неколку наврати тајно ги снимала своите клупски колешки како се тушираат за да потоа ги продавала снимките. Секако дека тоа не траело долго, во еден момент таа „жива“ била фатена, ама пукнал срам за кој бруи цела Шпанија.

Откако колешките на голманката приметиле дека нешто чудно се случува, сето тоа го пријавиле до раководството на клубот кој веднаш стапил во контакт со полицијата и “снимателката“ била фатена на дело.

Каде оди овој свет?

ПретходноКК Партизан е четврти најгледан тим во светот или прв надвор од НБА!
СледноРеал го “договори“ Трент Александер – Арнолд, ама спрема уште една “бомба“ во одбраната!