Светската куќа на фудбалот ФИФА му стави забрана за трансфери на македонскиот прволигаш Шкупи и тоа во времетраење на три трансфер периоди, најверојатно по пријава на екс-фудбалери на чаирчани, кои имаат неисплатени плати според претходни договори со Шкупи.
Според одлуката донесена на крајот на оваа работна недела, Шкупи нема да може да регистрира нови играчи (странци или домашни) во наредните три трансфер периоди, што ќе биде голем удар за чаирскиот состав.
Одлуката е објавена на веб-алатката на ФИФА предвидена за клупски санкции и суспензии на 26 декември.