Навистина што се случува во Воска? Денеска раководството на клубот преку своите социјални мрежи соопшти дека се разделува со девет свои играчи. Дали ова значи дека Воска и дефинитивно се откажува од битката за опстанок напролет или пак има намера да прави целосен ремонт на тимот.
Ова е соопштението на Воска Спорт:
“Соопштуваме дека ја прекинавме соработката со девет играчи и тоа Муамет Шакир, Албан Мехмеди, Тарик Демишоски, Антонио Илиески, Марко Вуковиќ, Хабибула Аскар, Дестан Адили, Христијан Јанкулоски и Јасин Казимоскин.
Клубот им се заблагодарува на сите играчи кои беа дел од нас во наведениот период, посакувајќи им успех и здравје на нивното патување пред нас“.