Американците за себе велат дека живеат во најдемократската земја во светот и дека се горди на своите спортски настани. Сепак за два дена две масовни тепачки се случија во САД, прво во НБА а потоа и на традиционалниот меч во американски фудбал позната како Милитари Боул и тоа меѓу НЦ Стејт и Ист Каролина.
Дојде до масовна тепачка на играчите од двете екипи, нешто што не се памети во овој спорт.
Прво се степаа играчите на теренот, за да потоа се вклучија и оние од клупите на двете екипи. Имаше од се по нешто, а најмногу настрада еден од судиите на кого му протече крв.
По се ова исклучени беа дури осум играчи од двете екипи.
After a fight in the Military Bowl, referee Jonathan Noli called the ejection of 8 players like it was bingo night while umpire Rod Tucker received medical attentionpic.twitter.com/YQPnHVRE90pic.twitter.com/jJZjVi08x1
— Fᴏᴏᴛʙᴀʟʟ Zᴇʙʀᴀs🇺🇦 (@footballzebras) December 29, 2024