Ѓоковиќ го коментираше допинг-скандалот во кој се најде Синер: Се чувствував многу фрустрирано

118

Новак Ѓоковиќ, ја одржа својата конференција пред почетокот на турнирот Бризбејн. Исто како и Ник Кирјос зборуваше за ситуацијата со допинг тестот во која се најдоа Јаник Синер и Ига Свијатек, машкиот и женскиот тениски број 1.

„Живееме во свет во кој секој има право да се изразува, особено на социјалните мрежи. Ник зборуваше многу за целиот случај со допинг Јаник и во право е за транспарентноста и недоследноста на протоколот и споредбите меѓу различните случаи“, започна тој и продолжи: 

„Видовме многу играчи во минатото, а исто така и сега, кои беа суспендирани затоа што не поминале ни анти-допинг тестови и затоа што не пријавиле каде се наоѓаат, како и некои послабо рангирани играчи кои чекале да се решат нивните случаи повеќе од една година. Не го поставувам прашањето дали забранетата супстанца е земена намерно или не.

Верувам во чист спорт, верувам дека играчот ќе направи се за да игра фер. Јаник го познавам од многу млад, па не изгледа како тип на човек што прави такво нешто, но се чувствував многу фрустрирано, како и повеќето други играчи, кога видов дека сме задржани во темнина пет месеци по добивањето на таа вест. Тоа не е добра слика за нашиот спорт“, заклучи Ѓоковиќ.

ПретходноШто се случува во Воска? Охридскиот прволигаш се раздели со девет играчи!
СледноДојдоа во Стара Пазова да им дадат поддршка на ракометарите пред СП 2025 (ВИДЕО)