Горазд Ристовски е најдобар асистент на младинците на Црвена Звезда

1071

Екипата на Црвена Звезда, заедно со Динамо Загреб, се двата најуспешни клубови во моментов на просторите на бивша Југославија, па и на Балканот може да се каже. Двата тима константно се дел од Лигата на Шампионите, и тоа само го покажува нивото на квалитетот на двата состава.

Ништо полоши не се ниту младинските екипи на Звезда и Динамо кои што се дел од младинската Лига на Шампионите.

За младинсиот тим пак на Црвена Звезда во моментов настапува младинскиот репрезентативец на Македонија, Горазд Ристовски кој што во есенскиот дел од шампионатот, е најдобар асистент на тимот. Дури шест пати ефектно додал за погодок.

Левиот бек игра во одлична форма, и не случајно е стандарден во сериозната конкуренција во Звезда.

За потсетување, Ристовски е 2007 годиште и е член на нашата У17 репрезентација.

 

ПретходноШтефен Баумгарт е нов тренер на Унион Берлин
СледноМаксимов: Ќе се вратам посилен од било кога