,Ендуро Тим Водно” повторно на врвот во македонскиот шампионат

32

Мотоклубот ,,Ендуро Тим Водно” и годинава повторно на прво место во македонскиот шампионат во мотокрос за 2024 година. Со оваа тутула одбележуваат вкупно 14 титули од постоењето на клубот.

Со освоени 859 бодови од 4-те трки кои се оддржаа оваа година и тоа во Милци Гевгелија, Орман Скопје, Орман Скопје 2 и Смолево Битола ,Ендуро Тим Водно се пласираше на првото место во целокупниот пласман од македонскиот шампионат по мотокрос за 2024 година, по добиените резултати од моторциклистичка федерација на Македонија.

Резултати од  клубските учесници:

Класа МХ1

Андреј Милковски – 4то место

Класа МХ2

Антонио Дамјановски – 1во место

Мартин Караколев – 7мо место

Класа МХ2 јуниор

Огнен Тодоров – 1во место

Виктор Андреевски – 2ро место

Петар Петрушевски – 8мо место

Класа МХ

Владимир Димов – 5то место

Един Драголовчанин – 8мо место

Ангелче Стојковски – 12то место

Класа МХ85

Михаил Стојковски – 1во место

Ева Дамјановска – 4то место

Дамјан Давидовски – 5то место

Новак Калеников – 7мо место

Матео Јанковски – 9то место

Марко Петрушевски – 10то место

Христијан Николовски – 11то место

Класа МХ65

Марко Поповски – 2ро место

Новак Калеников – 4то место

Мотоклубот Ендуро Тим Водно од Скопје важи за еден од најтрофејните мото клубови како во нашата земја така и во регионот.

ПретходноФК Вардар закажа пет пријателски натпревари
СледноМота: Моравме да постигнеме трет гол