Капитенската лента останува кај Филип Кузмановски!

1103

Македонската ракометна репрезентација го затвори првиот дел од подготовките за настап на Светското првенство 2025 година. Кирил Лазаров и неговите избраници во изминатите осум дена беа во Стара Пазова каде одиграа три контролни меча против Нови Београд, Динамо Панчево и репрезентацијата на Србија.

По кратка пауза поради Новата Година, ракометарите се враќаат во сала и ќе продолжат со тренинзите, во календарот на Лазаров стои контролен меч со Хрватска на 8. јануари, но нема да биде изненадување доколку одиграат уште еден пријателски натпревар.

Во нашиот табор нема да се менува капитенската лента, таа ќе остане кај Филип Кузмановски, кој оваа улога ја доби на последните два квалификациски меча за пласман на ЕП 2026 година.

Македонија на СП 2025 отвара против Унгарија на 15. јануари, два дена подоцна е пресметката со Холандија, додека групната фаза ја затвара против Гвинеја на 19. јануари.

ПретходноХамза Меметриза е нов играч на Струга Трим Лум
СледноШтефен Баумгарт е нов тренер на Унион Берлин