Кастро е трагичарот на Болоња

108

Во вториот дуел од денешната Серија А програма, тимот на Верона на гостински терен ја совлада Болоња со конечни 2:3.

Иако домашните поведоа  во 20. преку Домингез, до полувреме веќе беше 1:2 со головите на Сар односно Тенгштед.

Дополнителен провлем за домашните настана по црвениот картон на Побега, но Домингез со својот втор гол изедначува на 2:2.

Сепак, во последните моменти од мечот, во 88. минута, Кастро си постигна автогол и му дозволи на гостинскиот тим да ги освои трите бода.

Болоња е седма со 28. бода, додека Верона сега е 16. со 18. бода.

 

ПретходноСемедо ја претепал сопругата и ја заклучил во сопствениот дом
СледноУште една бламажа на Јунајтед, Њукасл славеше среде Олд Трафорд