Сега веќе екс македонскиот младински репрезентативец Методи Максимов, полека но сигурно се опоравува од тешката повреда на коленото. Онаа најлошата која што може да го снајде еден младу фудбалер, но истата секому може да му се случи, па така и брзиот крилен фудбалер не очајува премногу поради долгата пауза.
Максимов туку што ја стартуваше интернационалната кариера, потпиша за австриски Ласк, а потоа замина на позајмица во норвешки Алесунд, ги скина лигаментите на коленото по што мораше итно да замине на операција, а потоа и на долга рехабилитација.
„Добар сум, благодарам на Спортспорт што се сети на мене. Ќе биде се добро, еве речиси сум на крајот од процесот на рехабилитација. Помина се, и операција и престој во бањата Даруварске топлице. Таму бев три недели, па сега заминувам малку на одмор, па потоа мора да се пријавам на прозивката во клубот“ – вели Максимов за Спортспорт, па продолжува.
„Секако дека се враќам во Ласк, со чиј што медицински тим ќе ја финиширам рехабилитацијата. Дали ќе заминам и со тимот на подготовки, или пак ќе мора да заминам некаде на позајмица повторно ќе видиме, искрено не знам во моментов. Најважно е да се опоравам комлетно, и да се вратам на терен, а за кој тим, па и не е толку важно“ – вели Масимов, па додава.
„Нека не ме заборава Македонија, допрва доаѓа најдоброто од Методи Максимов. Само да ме служи здравјето понатаму, ја најдобро знам за што сум способен и колкав капацитет имам. Се гледаме набргу на терен“ – ни изјави Максимов.