Викендов се одржа меѓународниот стрелачки натпревар „Кикинда Куп 2024“ во Србија каде учествуваа и стрелци од Државната репрезентација на Македонија меѓу кои и членови на СК Стрелец.
И на двата натпревари најуспешен беше Мартин Ангелески, кој во текот на првиот ден погоди 627,2 кругови и постигна личен и Државен рекорд. Во вториот ден, Ангелески постигна нов личен и Државен рекорд со погодени извонредни 628,2 кругови. Мартин Ангелески со континуиран тренажен процес покажа дека продолжува да го зголемува својот резултат и со сигурност докажува дека е подготвен за новиот олимписки квалификациски циклус за учество на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028.
Покрај Мартин Ангелески во истата дисциплина сребрениот медал го освои Драгослав Кудрановиќ со резултат од 612 кругови, додека трето место му припадна на младиот Никола Блажевски со резултат од 603 кругови. Покрај мажите во воздушна пушка медал освои и младата јуниорка Марија Шиндева во дисциплината жени пиштол со резултат од 531 круг и Ирина Јованоска во воздушна пушка со резултат од 600 кругови.