Младински репрезентативец на Бразил го засили Куманово

107

Младинскиот репрезентативец на Бразил, Џанкарло Фелипе Хен е нов ракометар на МРК Куманово. Како што објавија денеска од клубот, Бразилецот игра на позиција лев бек и е висок 191 сантиметар.

Во целокупната своја кариера има настапувано во шампионатот на Јужна Америка и за него е прв предизвик да игра во Европа. За младинската репрезентација на Бразил настапи на СП за ракометари во оваа возрасна категорија кое се одржа во Германија.

ПретходноРаниери: Ремито беше реално!
Следно„Билд“: Елмас најверојатно ќе остане во Бундеслигата!