Само неколку дена по тепачката која резултираше со суспензија на три натпревари на Јусуф Нуркиќ, а четири натпревари на кошаркарот на Далас, Наџи Маршал, слични сцени се повторија во НБА. Инцидентот во Хјустон на натпреварот меѓу локалните Рокетс и Мајами Хит заврши со вкупно шест исклучувања, меѓу кои и тренерот на Хјустон.
Во последната минута од натпреварот, кој Мајами го доби со 104:100, домашниот играч Томпсон и Тајлер Херо влегоа во клинч. Веднаш дотрчаа играчите на двата тима, како и некои членови на стручниот штаб, а одеднаш сите беа во куп, освен Херо, кој стана и со збунет поглед го бараше својот напаѓач за да му возврати.
Сепак, обезбедувањето брзо ги раздвои завојуваните страни и мечот се доигра откако судиите доделија шест исклучувања. Покрај дуото исфрлени беа и Џејлен Грин од Хјустон, тренерот Име Удока и неговиот помошник Бен Саливан и играчот на Мајами Тери Розиер. Неколку моменти претходно, во посебен инцидент, беше исфрлен и чуварот на Хјустон, Фред ВанВлит.
По боксерскиот меч меѓу Нуркиќ и Маршал, овој конфликт повеќе потсетуваше на борење или ММА, но ќе има епилог и во бројни суспензии, кои најверојатно НБА лигата ќе ги објави во текот на денот.
Мајами со оваа победа го подобри својот рекорд на 16-14 и го држи седмото место на Истокот, додека одличниот Хјустон со вториот последователен пораз намали на 21-11, но се уште е на високото трето место на Западот.
Amen Thompson and Tyler Herro fight 👀 pic.twitter.com/VGp1KBXzJH
— NBACentral (@TheDunkCentral) December 30, 2024
Резултати:
Орландо – Бруклин 102:101
Торонто – Атланта 107:136
Бостон – Индијана 114:123
Оклахома Сити – Мемфис 130:106
Хјустон – Мајами 100:104
Минесота – Сан Антонио 112:110