Почина екс играчот на Њукасл, Мајкл Њубери

278

На само 27. години ненадејно почина некогашниот играч на тимот на Њукасл, Мајкл Њубери. Оваа вест ги шокираше сите на Островот, особено што не беше познато дека Њубери имал некакви здравствени проблеми.

Тој со само единесет години пристинува во академијата на Њукасл, и тука е се до своите 23. години. Сепак, никогаш не добива шанса во првиот тим туку заминува во Викингур во Исланд, па потоа во Линфилд во Северна Ирска, а последно играше за тимот на Клинтонвил.

ПретходноПрвите луѓе на мак фудбалот порачуваат: Замислете си еден сосема нов фудбалски свет
СледноНа четири клубови од Премиер лигата им се заканува одземање бодови