Првите луѓе на мак фудбалот порачуваат: Замислете си еден сосема нов фудбалски свет

6219

Пред крајот на оваа календарска година, Македонија доби нова фудбалска влада. Со нов претседател, и нова организациска структура. Структура која тежи многу. Тежи европски и светски клупски титули, тежи трофеи во најсилните европски шампионати, тежи стотици мечеви во дресот на Македонија. Структура која има зад себе десетици индивидуални и колективни награди.
Пандев, Ибраими, Христов, Најдовски се оние со кои Македонија со децении се гордееше што постигнуваа успеси ширум светот, а сега чекаме од нив да бидат исто така усшешни како функционери.

Денеска претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ во своето новогодишно интервју на прашањето како и на кој начин собра околу себе толку многу фудбалски македонски легенди тој многу едноставно одговори.

„Делиме иста визија за тоа дека мора македонскиот фудбал да биде подобар. Никого ниту терав ниту присилував. Сите овие легендарни македонски фудбалери се дел од мојот тим зошто сакаат да направат се што е во нивна моќ за да го направат нашиот фудбал подобар. И ќе го направиме тоа со макотрпна работа„ – рече Омерагиќ.

ПретходноКомо со домашен триумф над Лече
СледноПочина екс играчот на Њукасл, Мајкл Њубери