Семедо ја претепал сопругата и ја заклучил во сопствениот дом

272

Некогаш сериозно ветувачката фудбалска кариера на португалскиот интернационалец Рубен Семедо се претвори во вистински полициски билтен во кој само се нотираат сериозните криминални потфати на дефанзивецот.

Последен во низата на законски дубиози на Семедо е нападот врз сопствената жена, која што ја претепал, и ја заклучил во домот. По неколку часа, таа успеала да избега и да отиде во полициска станица. Нормално, Семедо автоматски е притворен, а неговата сопруга пренесена во болница за да и бидат санирани повредите.

Рубен Семедо има историја на проблеми со законот. Истите стартуваа во 2018 година кога во неговиот дом во Валенсија беше уапсен за обид за убиство, илегално поседување оружје и насилен грабеж. Мина неколку месеци во затвор. Беше апсен и во 2021 и 2022 за обид за силување и за семејно насилство. Инаку за изненадување се уште е активен фудбалер во тимот на Ал Кхор.

 

ПретходноНа четири клубови од Премиер лигата им се заканува одземање бодови
СледноКастро е трагичарот на Болоња