Македонскиот прволигаш Тиквеш денеска и официјално го промовираше офанзивниоот играч Даниел Миловановиќ (26) како свое ново засилување за вториот дел од сезоната. Како што „СпортСпорт“ објави и претходно, двете страни постигнаа договор за соработка во период од една година.
Ова значи дека досегашниот член на Брера Струмица повторно се врати во својот роден град Кавадарци и повторно ќе го носи дресот на својот матичен клуб Тиквеш.