Повремениот младински репрезентативец на Македонија, Меметриза Хамза е првото зимско засилување за тимот на Струга Трим Лум.
Некогашниот младинец на Шкендија му пристапува на амбициозниот клуб, кој се бори за највисок пласман сезонава, откако мина период во Беса Добри Дол, а последно и како член на кумановски Башкими.
Меметриза е играч со напаѓачки карактеристики, и секако дека Струга сериозно смета на него, особено коа станува збор за статусот на младинец во првите единаесетмина.
Струга ТЛ најави уште неколку нови имиња, како пополнување односно засилување на постоечкиот играчки кадар, а ќе видиме точно на која позиција конкретно.