Штефен Баумгарт е нов тренер на Унион Берлин

30

Тимот на Унион Берлин има нов тренер. Тоа е Штефен Баумгарт кој доаѓа на местото на Бо Свенсон. Свенсон си замина од местото прв човек на струката во Берлин по само шест месеци.

Од друга страна пак, основната задача на Баумгарт ќе биде стабилизација на играчки и резултатски план. Тој пак во моментов има 52. години, а последен пат беше на чело на Хамбургер, со кој се раздели во ноември.

Штефен Баумгарт е еден од милениците на навивачите на Унион Берлин од 2002 до 2004 година, тој забележа 68 настапи за клубот во овој период, постигнувајќи 22 гола.

„Се решивме за Штефен Баумгарт затоа што сме убедени дека тој е вистинскиот тренер за нас. Тој е лидер кој ги охрабрува и предизвикува своите играчи, а тоа беше важно за нашата конечна одлука. Покрај тоа, тој има искуство во Бундеслигата и знае Ситуацијата во Унион е добра не му треба долго време за да се прилагоди и брзо ќе постави нов правец за развој на тимот“, изјави спортскиот директор на тимот Хорст Хелд.

 

 

 

ПретходноКапитенската лента останува кај Филип Кузмановски!
СледноГоразд Ристовски е најдобар асистент на младинците на Црвена Звезда