Германскиот весник „Билд“ објави дека македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, сепак би можел да ја продолжи кариерата во Бундеслигата, откако неколку клубови се заинтересирани за резервистот на РБ Лајпциг.
Лајпциг допрва треба да добие конкретни понуди за Елмас, но се вели дека неколку клубови од моменталната најдобра шесторка на Бундеслигата оствариле контакт со 25-годишниот фудбалер непосредно пред Божиќ.
Елмас најверојатно ќе сака да заминеод Лајпциг оваа зима бидејќи сака поголема минутажа, откако одигра само шест меча за Лајпциг оваа сезона. Лајпциг е подготвен и за позајмица, но и за комплетна продажба на Елмас, бидејќи сака да ги намали загубите од 24 милиони евра што ги потроши за ангажманот на нашиот репрезентативец од Наполи.