ФК Пелистер го менува досегашниот тренер Влатко Костов. Како што Спортспорт дознава, управата на клубот му се заблагодари на услугите на искусниот стратег и го менува од досегашната позиција.
Пелистер изминатиов период се мачеше на резултатски но пред се играчки план, па смената на Костов според спортската јавност во Битола и не е премногу за изненадување. Имаше Пелистер неколку светли моменти, како победата над Вардар во вечерното дерби на „Петар Милошевски“ во Битола, но се тоа еве очигледно дека е премалку за амбициите на битолчани.
Секако, штом Пелистер се одлучи на потегот да го менува Костов, станува јасно дека има веќе и план кого да доведе.
Спортспорт дознава дека тоа е Срѓан Захариевски, кој последно беше дел од Вардар сезонава, и го водеше клбот токму на дербито во Битола.
Доколку се остварат најавите дека токму Захариевски го превзема Пелистер, тогаш за него ова ќе биде втор мандат на клупата на овој клуб. Првиот беше важечки од јули до октомври 2017 година.