Угледниот магазин „Атлетик“ денеска објави дека Реал Мадрид се надева дека однапред ќе го договори трансферот на Трент Александер-Арнолд.
Договорот на дефанзивецот со Ливерпул истекува на 30 јуни, а од 1 јануари, Трент ќе може да преговара со други клубови. Според „Атлетик“, по неформалните контакти меѓу Реал Мадрид и опкружувањето на Трент во втората половина на ноември, дефанзивецот бил решен да се пресели во мадридскиот клуб. Реал Мадрид очекува Александар-Арнолд да потпише прелиминарен договор во јануари.
Реал Мадрид наводно му понудил на Трент договор за период од најмалку 4 години и значителен бонус за потпишување на договорот уште на почетокот на 2025 година.