Герет Саутгејт доби титула Сер

74

Поради посебни заслуги во името на државата, конкретно поради особен успех како селектор на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт доби титула Сер.

Тој е само четвртио предводник на Гордиот Албион кој се закитил со вака сериозна и престижна титула кога станува збор за Обединетото Кралство, а пред него тоа беа, Сер Волтер Винтерботом, Сер Алф Ремзи и Сер Боби Робсон.

На церемонијата на доделување на титулата Саутгејт беше заедно со многу други заслужи граѓани како на пример и олимпискиот шампион на 800 метри Кили Хоџкинсон.

 

ПретходноТолку од Руни како тренер на Плимут
СледноЗиркзе се расплакал во тунелот на Олд Трафорд