Денвер ја победи Јута Џез со 132:121, а најголема заслуга имаше Никола Јокиќ. Феноменалниот српски центар имаше трипл-дабл учинок од 36 поени, 22 скока и 11 асистенции, а придодаде и четири украдени топки. Ова беше негов четврти натпревар во кариерата со најмалку 35 поени, 20 скока и 10 асистенции, а го мина Бејлор за второто место во историјата на НБА по број на вакви натпревари. Јокиќ го запиша 143. трипл-дабл во НБА лигата.
MONSTER MONDAY FROM THE JOKER:
🃏 36 PTS
🃏 22 REB
🃏 11 AST
🃏 4 STLThis is Jokić’s 4th career game with 35+ PTS, 20+ REB & 10+ AST, passing Elgin Baylor for the second-most such games all-time! pic.twitter.com/UJh9W0YwsY
— NBA (@NBA) December 31, 2024
Јокиќ имаше голема поддршка и од соиграчите, а најмногу се истакна Расел Вестбрук, кој оствари и трипл-дабл со 16 поени и по десет скока и асистенции. Вестбрук ги упати сите седум удари од поле и не загуби ниту една топка.
Кај Џезерите најдобар беше Џордан Кларксон со 24 поени, пет скока и четири асистенции. Со оваа победа Денвер стигна до шестото место на Западот со 18 победи и 13 порази, додека Јута е претпоследна со скор 7-24.
Резултати:
Шарлот – Чикаго 108-115 (98-98)
Вашингтон – Њујорк 106-126
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 113-116
Јута – Денвер 121-132
Голден стејт – Кливленд 95-113
Портланд – Филаделфија 103-125
Сакраменто – Далас 110-100