Дианеси направи операција но ќе биде фит за стартот на подготовките

433

Вардаровиот интернационалец Џибрил Дианеси, за време на зимската пауза престојува во Франција, каде што направи мини оперативен зафат. Се работи за интервенција на раката, поради повреда со која што се здоби за време на есенската полусезона.
Не се работи за ништо страшно и Дианеси ќе биде подготвен за стартот на подготовките на ФК Вардар.

Од таму пак покрај досегашните засилувања, кои ги има неколку, и кои се сериозно квалитетни, најавуваат уште неколку нови имиња пред стратегот Гоце Седлоски да означи старт на пролетната полусезона. Веќе се закажани и подготовките во Анталија, како и противниците со кои Вардар таму ќе се состане.

ПретходноПерез не е задоволен од улогата што Анчелоти му ја дава на Модриќ
СледноРакометот повторно даде импулс дека спортот во Македонија живее!