Дон Карло и “кралевите“ ова го чекаа една година: Алаба денеска тренираше со првиот тим!

298

По точно една година откако доживе тешка повреда, вкрстени лигаменти, Давид Алаба одново е во тренажен процес со првиот тим на Реал Мадрид. Австрискиот стопер денеска за првпат по 12 месеци тренираше со своите колеги и се очекува наскоро да се најде на списокот за натпревари на Дон Карло Анчелоти.

Се разбира дека ова е голема вест за сите во Реал Мадрид ако се знае какви се проблеми имаше тимот по повредите на Дани Карвахал и Едед Милитао во изминатите неколку месеци.

Се разбира дека сега со Алаба дефанзивата на “кралевите“ е посилна а кога ќе се вратат Карвахал и Милитао и заедно со Ридигер, нема да има главоболки за Дон Карло.

ПретходноФОТО НА ГОДИНАТА: Дрим – тимот на ФФМ! Масар, Гранде Пандев, Агим, Христов….
СледноНов удар за Португалецот: Аморим нема да добие ниту едно засилување во јануари!