Зарем е можно? Дел од медиумите во Србија го бојкотираат Ѓоковиќ!

5932

Што ли навистина се слчува во Србија? Имено според “Спортклуб.рс“, дел од медиумите во Србија го бојкотираат Новак Ѓоковиќ. Како што пренесува овој релевантен портал дел од медиумите во таа земја воопшто не пишуваат за победата на Новак на стартот од турнирот во Брзибејн против Ринки Хиџиката со 2:0 во сетови.

Нема извештај, нема било какви фотки од него, ги нема Новак на насловните, нема никаква трага, како тој денеска воопшто да не играше“ потенцираат од „Спортклуб.рс“.

Ова е страшно ако е вистина. Ова е нешто најдолно ако може некој да си дозволи. Новак е најпознатиот спортист и најпознатата личност веројатно во историјата на оваа земја, но проблемот е во тоа што тој им даде поддршка на студетнтите и сега си има проблем со властите на таа држава.

Па, зарем на некого навистина ништо не му е свето. Пред неколку дена фановите на Вучиќ го нападнаа и легендарниот Жељко Обрадовиќ со пуштање и шерување на видео со неприкладна содржнина.

По Обрадовиќ на ред дојде денеска и Новак.

Зарем така таа Србија му за заблагодарува на својот НАЈГОЛЕМ СИН, на Новак Ѓоковиќ.

СРАМОТА…

ПретходноЗиркзе се расплакал во тунелот на Олд Трафорд
СледноЗлатан му се извини на Фонсека!