Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил го нарече својот поранешен клуб – најлошиот тим во Англија.
Вчера Манчестер Јунајтед загуби од Њукасл (0:2) во натпреварот од 19. коло на Премиер лигата, а овој месец „ѓаволите“ го завршуваат со 6 порази, што е најлошиот резултат на клубот во еден месец од 1930 година.
„Довербата на Манчестер Јунајтед е разнишана. Њукасл ги здроби. Го гледате апсолутно најлошиот фудбалски тим во земјата. Толку се тие лоши, што не се ни за гледање“, изјави поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.