Вардар сериозно се засилува и ќе има сосема нов и обновен што се вели сосстав за разлика од есенскиот дел од сезоната. Едис Спахиу е еден од најдобрите напаѓачи во домашниот ПМФЛ шампионат, и е роден што се вели за игра на шороки терени каков што е тој на Арената каде што секако Вардар е домаќин. Тој и го постигна еден од најважните голови во својата кариера досега токму на нашиот најголем стадион во баражот со кој своевтремено Тиквеш избори влез во првата лига. Со Спахиу Вардар добива на брзина, луцидност во нападот, а секако и ефикасност со оглед на фактот што мака мачеше со головите сезонава
23 годишниот напаѓач во изминатата полусезона постигна вкупно 4 голови на 18 натпревари. Минатата сезона со оваа екипа беше освојувач на купот на Македонија. Во ПМФЛ Спахиу има одиграно вкупно 106 натпреаври на кои има постиганто 23 голови.
Спахиу има настапувано за селекциите под 19 и 21 година на репрезентацјата на Македонија