Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не е задоволен од улогата што Карло Анчелоти му ја додели на ветеранот Лука Модриќ оваа сезона. Шефот на „кралевите“ високо го цени 39-годишниот Хрват за неговиот придонес во клубот во изминатите 12 години, но смета дека повеќе не треба да има значајна улога во тимот.
Сепак, Анчелоти продолжува да се потпира на Модриќ како стартер за важни натпревари, како што се против Ливерпул и Милан во Лигата на шампионите, како и против Атлетико Мадрид во Ла Лига. Реал ги загуби првите два споменати натпревари, а во третиот заврши нерешено, а според Релево Перез и дел од управниот одбор не биле задоволни од овие одлуки на Анчелоти.
Статистиката покажува дека Италијанецот го користел Модриќ на сите 26 натпревари на тимот оваа сезона, а Хрватот стартувал 40 отсто од нив.