На 22 декември и официјално Фудбалската федерација на Македонија доби ново раководство. Правдата е спора, ама ја има, така и со Масар Омерагиќ кој на Изборното Собрание на Фудбалската федерација беше избран со акламација.
Се чини досега во историјата на самостојна Македонија ниту еден кандидат кој потоа стана претседател, на почетокот немал таква поддршка во фудбалската јавност во нашата земја.
Муамед Сејдини е историја, а Масар Омерагиќ е иднината во ФФМ.
Првите потези му се фантастични. Околу себе собра мега – тим, како Горан Пандев (спортски директор), Агим Ибраими (советник), Ѓорѓи Христов (технички директор), токму затоа ова фотографија е фото на годината.
Тука ги нема и Илија Најдоски (советник), Марјан Стојкоски (потпретседател на ФФМ). Сите овие се легенди на мак – фудбалот.
Фудбалот е за фудбалски луѓе, знае Масар што прави.
Ова е ДРИМ – ТИМОТ на ФФМ…Масар, Гранде Пандев, Агим, Христов…