Два германски стадиони во ТОП 3: Кои се најпосетени стадиони во 2024 година?

264

Шест од 20-те најпосетувани фудбалски стадиони ширум светот во 2024 година се во Германија, додека првото место овојпат оди за стадион кој е надвор од Европа. Домот на аргентинска Ривер Плата во областа Белграно на аргентинската престолнина Буенос Аирес беше најпосетуваната арена во светот за 2024 година. Таму минатата година на натпреварите имало во просек по 84.025 навивачи, со што го симна Камп Ноу од првото место на листата, откако овој стадион се реновира.

Вкупно 13 стадиони во Германија влегоа во рангирањето на 50-те најпосетени стадиони во светот на фудбалски натпревари. Второто место очекувано е за „Сигнал Идуна Парк“, стадионот на Борусија (Д), каде во просек минатата година имало по 81.365 навивачи на натпревар, а трет по посетеност е стадионот на Баерн (М) со просек од 75.000 гледачи по натпревар.

Меѓу петте најпосетени се и стадионите на Манчестер Ј. (73.701) и на Интер (73.525). „Сантијаго Бернабеу“ на Реал е на шестото место со просечна посета од 73.472 гледачи.

ПретходноБарса до крајот на неделава ќе обезбеди нови гаранции за Олмо
СледноКаземиро на излезни врати од Манчестер Јунајтед