Почнаа да пристигнуваат понуди: ПСЖ му понуди на Салах 500.000 евра неделно!

1195

Еден од најдобрите светски фудбалери во моментов Мохамед Салах од денеска е слободен да преговара со кој било клуб, а тоа наводно веќе му донело феноменална понуда од Франција.

Салах може да преговара без да знае Ливерпул, бидејќи неговиот договор истекува во следните шест месеци, според правилата на УЕФА. Иако англиските медиуми претходно објавија дека Салах се согласил да ја продолжи соработката со Ливерпул, тоа никогаш не се случило формално.

По тој повод, утринава Французите ја пренесоа бомбастичната вест. Имено, францускиот новинар Ромен Коле Гаудин тврди дека на адресата на Салах пристигнала понуда од францускиот гигант Пари Сен Жермен вредна неверојатни 500.000 евра неделно.

Станува збор за тригодишен договор кој ПСЖ му го нуди на Египќанецот. Француските медиуми претпоставуваат дека понудата на ПСЖ е значително подобра од онаа што Ливерпул ќе и ја даде на својата најголема ѕвезда.

ПретходноСрушен рекордот на скокалницата во Гармиш (ВИДЕО)
СледноПрвпат во историјата: Двајца шахисти ја делат титулата светски шампион