Екипата на Реал Мадрид, новата година ќе ја стартува со гостувањето кај Валенсија. Истото ќе се случи утре во рамките од мечот кој требаше да се игра пред неколку недели, но поради временската катастрофа која се случи во Валенсија, мечот беше одложен за сега.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти е убеден дека титулата во Примера допрва ќе се решава, односно дека за неа има доволно кандидати. Меѓу кои секако и неговиот тим.
„Нема изразит фаворит за титулата. Сите сме тука некаде. Двата тима имаат еднакви шанси како и ние. Видовме дека она што ни се случи во ноември, потоа и се случи на БАрселона во декември. Тековните финансиски проблеми на Барса создаваат дополнителна неизвесност. Никој не очекуваше ваков колапс, но тешко е во Ла Лига. Мислам дека ќе бидат потребни помалку од 90 поени за прво место сезонава“ – изјави Анчелоти, а на прашањето дали на Бернабеу зимава ќе пристигнат нови играчи тој рече.
“Не сакам да зборувам за тоа, сега не е време. Генерално сум задоволен од составот што го имам. Но, ќе видиме што ќе се случи. Ни претстојат многу натпревари во јануари и фокусирани сме на тоа“ – изјави Анчелоти додавајќи дека за утрешниот меч, фул подготвен е Винициус.