„Бомба“ во најава: Грилиш би можел да го облече дресот на Тотенхем?!

191

Џек Грилиш кога пред нешто повеќе од три години направи трансфер од Астон Вила во Манчестер Сити тоа беше еден од најголемите трансфери во Премиер-лигата во историјата.

Ако 2023 година репрезентативецот на Англија беше одличен во дресот на “граѓаните“ тоа не може да се каже за 2024 година во која беше очаен и затоа и го загуби првотимскиот статус во тимот на Пеп Гвардиола а и не беше дел од репрезентацијата на ЕП 2024.

Иако е под договор со Сити, неколку клубови, посебно Њукасл се интересираат за неговите услуги а како што пренесуваат медиумите од Островот, лесно може да се случи офанзивецот и еден од најдобрите фудбалери во Премиер-лигата до пред една година, би можел уште во јануари да го облече дресот на Тотенхем.

Наводно Сити и Тотенхем имале почетни разговори за Грилиш. Се наведува ако ова се оствари тогаш тоа ќе биде куса позајмица во Тотенхем и дел од платата на играчот ќе биде покриена од Манчестер Сити.

ПретходноМајсторија: Дали уште почетокот на годината го имаме голот на 2025?! (ВИДЕО)
СледноЖељко Обрадовиќ како да откри кога и каде ќе ја заврши својата блескава тренерска кариера!