Валенсија ќе се заблагодари на Флорентино Перез пред утрешниот дуел со Реал Мадрид

755

Утре на програмата во Примера е заостанатиот дуел помеѓу екипите на Валенсија и Реал Мадрид. Истиот беше одложен поради временската катастрофа која што го зафати регионот на Валенсија и кој однесе многу жртви.

Во таа прилика секој посериозен фактор во Шпанија се најде во улога да помогне на секој можен начин. Истото го сторија и Реал Мадрид, однодно неговиот прв човек, Флорентино Перез, за што на утрешниот дуел домаќинот специјално ќе се заблагодари.

Згора на тоа, Реал Мадрид ја покажа својата солидарност со огромното знаме на регионот Валенсија пред натпреварот со Осасуна. Потоа беше донирана на Валенсија и Леванте, кои исто така го искористија за да им оддадат почит на жртвите.

ПретходноКонсеисао пред дебито на клупата на Милан: Подготвени сме за мечот против Јувентус
СледноМота: Мирен сум, знам што можеме на терен