Воска добива газди од Турција и се сели во Гостивар

5081

Прволигашот Воска претрпува структурални промени. Според последните информации, ФК Воска добива нови газди поточно, истите се од Турција, и добива сосема нова функсиониерска, тренерска но и играчка структура.

Како што Спортспорт дознава, Воска како клуб, повеќе нема да функционира во Охрид, туку ќе се пресели во Гостивар. Поточно, новите газди имаат потекло токму од овој град, но доаѓаат од Турција, па очигледно дека сакаат клубот да функционира таму.

Веќе се направени и првите потези од страна на новите газди, односно се подготвува терен за пристигнување на ФК Воска во Гостивар. Неофицијално, и новиот тренер ќе биде од Турција.

Што се однесува пак до играчкиот кадар, голем дел од оние кои што беа дел од Воска повеќе не се таму, но тоа беа пред се оние играчи и кои немаа голема минутажа. Од друга страна пак се шпекулира со странски имиња.

Нови членови на охридскиот клуб се Таики Кагајама (28), Халил Багчи (21), Туре Сира (30) и Филип Валенчиќ (32), до еден играчи кои за прв пат доаѓаат во ПМФЛ шампионатот.

 

ПретходноШкендија го направи зимскиот собир
СледноНесудениот репрезентативец на Македонија ќе биде нов тренер на Јединство Уб