Италијанскиот шампион Интер е првиот финалист во Суперкупот на Италија. Вечерва во првото полуфинале на „Кингдом Арената“ во Ријад, С. Арабија, „нероаѕурите“ прилично лесно славеа над екипата на Аталанта со 2:0 и се пласираа во големото финале.
Двоен стрелец и хоерој на Интер во ова полуфинале беше холандскиот репрезентативен крилен бек, Дамфрис, кој најпрво го погоди голот на Карнески во 49. минута (1:0), за потоа во 61. минута и по вторпат да го матира чуварот на мрежата на Аталанта за 2:0.
Аталанта постигна гол во 72. минута, но Едерсон бил во офсајд, покажа ВАР.
Во второто полуфинале утре ќе играат Јувентус и Милан.