Тимот на Милан во многу специфичен момент во сезоната го промени тренерот. За нов шеф на струката е поставен португалецот Серџо Консеисао, а тој пак по само неколку дена на новото работно место ќе има сериозен предизвик пред себе. „Огнено“ деби што се вели, и тоа во рамките од Супер купот на Италија, и меч против Јувентус. Мечот се игра утре со почеток од 21:00 часот, и тоа во Саудиска Арабија, а во второто полуфинале се среќаваат, Интер и Аталанта.
„За кратко време колку што сме заедно, завршивме многу работа, бевме во однос на тоа да се разбереме меѓусебе што му треба на тимот за да стане посилен. Со останатите тренери во мојот тим, можевме да му објасниме на тимот што сакаме. Ги подготвуваме момците за утре да го покажат најдоброто и да се обидат да победат“, изјави Консеикао па продолжи.
„Не е ниту полесно, ниту потешко да се започне право против Јуве. Нашата работа е да го подобриме составот. Самите играчи треба да сфатат кој е моментот и мислам дека е добар за нас. Гледам тим кој е скромен и сака да учи и да покаже што сака тренерот. Ова е многу важно, тоа е основа за да можете добро да ја завршите вашата работа. Јуве има многу квалитетни играчи. Ова е противникот со најмалку примени голови во првенството. Неопходно е да разбереме како можеме да ги скршиме. Ако ме прашате дали би сакал да имам уште малку време до мојот деби натпревар, би рекол да. Но, нема простор за оправдување бидејќи бев свесен за тоа кога пристигнав пред неколку дена. Треба да влеземе во натпреварот мотивирани. Нè очекуваат уште два тренинга на кои е клучно да сфатиме што е важно за да победиме на овој натпревар. Во големите тимови на крајот се гледаат резултатите. Ќе се стремиме кон победи, почнувајќи од утре“, додаде португалецот.