ЛА Лејкерс и натаму остануваат фокусирани на обезбедување дополнителни засилувања до завршувањето на преодниот рок во НБА лигата. Според пишувањата на локалниот печат, „езерџиите“ сега се во мисија да доведат нов силен центар.
Oд поодамна се шпекулира дека Литванецот Јонас Валанчиунас е прв избор на Лејкерс, но засега немаше никаков потег за да се обезбеди негова размена со Визардс.
Сега се шпекулира дека Лејкерс се подготвени да го понудат својот резервен центар Гејб Винсент и еден пик од втората рунда на драфтот, за да се обидат да го добијат Литванецот.
Неодамна Лејкерс ги трејдуваа Доријан Фини-Смит и Шејк Милтон.