Младиот кошаркар на Детроит Пистонс, Џејден Ајви нема по добро да го памети мечот против Орландо и покрај победата на неговиот тим. Имено по еден дуел со Кол Ентони, ѕвездата на Пистонси потешко се повреди и остана да лежи на паркетот превиткувајќи се од болки. Веднаш до него дојде лекарскиот тим и му укажа прва помош а потоа беше изнесен на носилки.
Кога виде Ентони што се случи, почна да плаче.
Се разбира дека ова е голем удар за Ајви и Детроит, допрва ќе се знае за тежината на повредата и за тоа колку тој ќе биде во „аут“ од кошаркарските терени.
Jaden Ivey left game in stretcher after apparent leg injury. Hope he's ok 🙏 pic.twitter.com/tBiVOScskm
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 2, 2025