Мота: Мирен сум, знам што можеме на терен

84
RIYADH, SAUDI ARABIA - JANUARY 1: Teun Koopmeiners of Juventus during a training session on January 1, 2025 in Riyadh, Saudi Arabia. (Photo by Daniele Badolato - Juventus FC/Juventus FC via Getty Images)

Италијанскиот супер куп утре стартува во Саудиска Арабија, а во првиот дуел, екипите на Јувентус и Милан ќе се борат за финалето и евентуалниот дуел против Интер или пак Аталанта.

На официјалната прес конференција пред мечот, тренерот на Јувентус, Тиаго Мота изјави дека е доста самоуверен пред овој мини турнир и дека знае што неговиот тим може на терен.

„Како тренер сакам да победувам и затоа ја избрав оваа професија, но не сум опседнат со неа. Правам се што можам и морам да го подобрам тимот и да им помогнам на играчите да се снајдат подобро на терен“, изјави шефот на струката на Јуве, па продолжи.

“Мирен сум бидејќи сум уверен во нашата сила, индивидуална и колективна. Нè очекува добар натпревар, ќе се обидеме да бидеме подобри од нив и да се пласираме во финалето. Пласманоттука е супер, имаме намера да одиграме најдобро. Ова не ни е примарна цел сезонава секако, но кога сме веќе тука, но сакаме да победиме“, додаде Мота

ПретходноВаленсија ќе се заблагодари на Флорентино Перез пред утрешниот дуел со Реал Мадрид
СледноТалески официјално си заминува од Шкендија