Тоа е тоа. Ако те нема на социјалните мрежи, без разлика дали си шампион на својата земја или не, бадијала ти е се. Тоа се тие модерни врмиња.
Имено малку кој од нас слушнал за Балзерс, клуб од Лихтенштајн кој се натпреварува во 4.лига во Швајцарија. Е токму овој клуб преку ноќ стана славен. Имено познат инфлуенсер случајно го одбрал овој клуб ги “натерал“ своите 300.000 следбеници да го следат Балзерс на Инстаграм.
Тоа и се случило, можеме само да претпоставиме во каков шок паднал администраторот на социјалните мрежи на овој клуб кога виде дека за неколку часа клупскиот Инстаграм има 300.000 нови следбеници.